Не фрлајте пари: Плакнете ги забите со оваа состојка и гледајте како стануваат бели

 
 

Наслагите на забите се еднакво видливи кај мажите и кај жените, а во повеќето случаи се резултат на конзумирање одредени намирници како што се слатки, кафе, како и некои нездрави навики како што е пушењето цигари. Исто така, и генетиката игра многу важна улога.

Имено, денес е многу лесно да промените сè што не ви се допаѓа кога станува збор за вашиот изглед. Многубројни препарати и зафати се сè повеќе достапни, но проблемот кој се јавува претежно е од финансиска природа. Таквите производи се исклучително скапи, но прашање е дали ќе ги дадат саканите резултати и колку се долготрајни.

Поради тоа, постојат природни начини за избелување на забите, после кои ќе се чувствувате многу подобро.

Една од алтернативите од природата е јаболковиот оцет, кој на многумина досега им дал неверојатни резултати.

Како што е познато, јаболковиот оцет е производ на ферментацијата на јаболкото и е полно со есенцијални минерали, како и здрави ензими.

Доколку ја користите за избелување на забите, оваа состојка не само што помага во отстранувањето на дамките од забите, туку ги уништува и бактериите во устата кои предизвикуваат лош здив.

Како да ја користите оваа моќна состојка?

Сè што треба да направите е да измешате половина лажица јаболков оцет со една шолја вода и секое утро да ја плакнете устата со оваа течност.

Напомена: Бидејќи оцетот може да ја оштети забната глеѓ, задолжително мешајте го со вода и по плакнењето измијте ги забите.

Пред да почнете да користите јаболков оцет, еве што треба да знаете:

1. Пред употребата протресете го шишето во кое се наоѓа оцетот бидејќи хранливите материи обично се наоѓаат на дното.

2. Задолжително споменатата количина на оцет измешајте ја со вода пред употреба.

3. Третманот користете го еднаш дневно, доволно е.

(93)

Вашиот коментар