Никогаш немојте да перете облека на 30 или 40 степени

 
 

Честопати, особено кога ни се брза да пуштиме повеќе машини во денот, знаеме да ги пуштиме алиштата на брза програма, која најчесто е на 30 степени. Денес, на повеќе од 50% од алиштата стои ознака да се перат на максимум 40 степени.

Постои истражување кое вели дека бактеријата ешерихија коли се пренесува преку облеката кога ја перете на пониски температури.

Водата не треба да биде загреана на помалку од 60 степени.

Иако перењето на 30 степени најчесто е брза и економична идеја, потрудете се барем долната облека, и облеката која има директен допир на кожата да ја перете на повисока температура.

nikogas-nemojte-da-gi-perete-alistata-na-30-ili-40-stepeni-2.jpg

Бактериите живеат во нашиот организам и на телесна температура од 37 степени, што значи дека 30 степени со сигурност нема да ги елиминираат.

На патики испрани на ниска температура постојат дури 10.000 штетни организми, а само во две лажици вода која ја користи машината за перење има околу милион бактерии.

nikogas-nemojte-da-gi-perete-alistata-na-30-ili-40-stepeni-1.jpg

За да се осигурате дека бактериите не се задржале во вашата машина за перење, се препорачува барем еднаш во месецот да ја пуштите да работи на 90 степени без облека во неа.

(85)

Вашиот коментар