Откријте дали имате натпросечна социјална интелигенција

 
 

Психолозите ја дефинираат социјалната интелигенција како способност за мудро однесување во меѓучовечките односи, а делумно има врска со бонтонот, односно со правилата за убаво однесување.

Социјалната интелигенција подразбира доблести како што се љубезност, внимателност, активно слушање. По разговорот со социјално интелигентна личност се чувствуваме сталожено и исполнето, а не како некој да ни ја зел целата животна енергија.

Дознајте дали сте личност со натпросечна социјална интелигенција преку овие знаци:
1
1. Не се обидувате да предизвикате силна емоционална реакција кај соговорникот
Додека разговарате за вашиот успех на работа или на пријателката ѝ ги покажувате новите чевли, не очекувате луѓето да ви се восхитуваат, да ви даваат комплименти и на цел глас да го фалат она што сте го купиле.

2. Не напаѓате кога зборувате за луѓето, политиката и ставовите

Најбрзиот начин некој да изгледа неинтелигентно е кога ќе каже: „Тоа е погрешно“ (Тоа е можеби погрешно за тебе, но постои затоа што е правилно за некој друг). Социјално интелигентната личност ќе каже: „Јас лично не се разбирам во тоа или не се согласувам со тоа“.

3. Не сметате дека поради вашето мислење за некој, тој е навистина таков

Социјално интелигентните луѓе нема да речат: „Тој е будала“, како да е факт. Наместо тоа, ќе речат: „Имав негативно искуство со таа личност поради што се чувствував непријатно“.

4. Никогаш не ги генерализирате другите луѓе според нивното однесување 
(не користите: „Ти секогаш“ или „Ти никогаш“ за да илустрирате тврдење). Кога водат дискусија со други социјални интелигентни луѓе ќе речат: „Јас чувствувам“ или „Ми се чини“ наместо „Ти си“. Изберете ги зборовите и начинот на говор што нема да звучи заканувачки или обвинувачки бидејќи знаете дека на тој начин соговорникот ќе сака да ја согледа вашата перспектива и да создаде дијалог што ќе доведе до промена што ја посакувате.

5. Знаете како на здрав начин да се одвоите од нечии зборови

Со други зборови, знаете дека светот не се врти околу вас. Знаете да слушате, без да мислите дека нечии зборови се упатени против вас.

6. Слушате за да слушнете, а не за да одговорите

Додека слушате што кажува другата личност, се фокусирате на она што таа го зборува, а не на она што вие ќе го кажете.

7. Најважна ви е врската што ја имате со себеси и неуморно работите на неа

Најважната работа што социјално интелигентните луѓе ја сфаќаат е дека нивната врска со сите други е продолжение од нивната врска со себеси.

(73)

Вашиот коментар