Откријте колку часови за спиење ви се потребни според вашата возраст

 
 

Колку сон ни е навистина потребен? Ова прашање ги прогонувало експертите со години, но изгледа дека конечно можеме да го откриеме одговорот. На кратко, потребното време за спиење зависи од вашата возраст. Не постои совршено време кое му одговара на секој човек, но според извештајот од „National Sleep Foundation“ можеме да дознаеме колку отприлика време ни е потребно според возраста. Погледнете ги нивните препораки.

Откријте колку часови за спиење ви се потребни според вашата возраст

Новороденчиња (0-3 месеци): 14-17 часа на ден
Бебиња (4-11 месеци): 12-15 часа на ден
Деца (1-2 години): 11-14 часа на ден
Претшколска возраст (3-5 години): 10-13 часа на ден
Школска возраст (6-13 години): 9-11 часа на ден
Адолесценти (14-17 години): 8-10 часа на ден
Млади возрасни (18 – 25 години): 7-9 часа на ден
Возрасни (26-64 години): 7-9 часа на ден
Постари возрасни (65+ години): 7-8 часа на ден

За најголемата група, возрасните, препорачаното времетраење на сонот останува непроменето, што има логика со оглед на тоа што 7-те часа се доволни за поголем дел од луѓето на оваа возраст. Овој извештај ги издвојува категориите млади возрасни и постари возрасни од возрасните бидејќи на помладите им е потребно малку повеќе сон. Од друга страна пак, постарите возрасни можат добро да поминат и со еден час помалку спиење.

Добриот сон не секогаш е толку лесно да се постигне, но обидувајте се да наоѓате време за спиење бидејќи тоа може да биде клучно за вашето здравје.

(123)

Вашиот коментар