Пет совети како на природен начин ќе го подигнете своето но и либидито на партнерот

 
 

Желбата за секс или либидо зависи од состојбата на вашиот ум, задоволството со вашиот сегашен партнер, но, се разбира, тоа може да зависи и од физичките аспекти.

На следните пет начини, природно можете да го зголемите нивото на либидото и да го подобрите вашиот сексуален живот.

Сончеви зраци
Ако е сончево, веднаш планирајте еден час да одите на прошетка. Витаминот Д ќе го збогати вашето тело со енергија, што е клучен фактор за здравото либидо.

Храна која го поттикнува кревањето на либидото
Храната богата со витамин Б, фолна киселина и масни киселини, како што се банани, авокадо и ореви, исто така, ќе имаат позитивен ефект врз нивото на енергија и балансот на хормоните.

Возење велосипед
Освен тоа што може да има добар ефект врз вашиот изглед, возењето велосипед го одржува здравјето на кардиоваскуларниот систем чија добра функционалност е клучна за високо либидо.

Кегелови вежби
Овие вежби им помагаат на жените да постигнат оргазам и да го зајакнат нивниот интензитет, а мажите со вршење на истите придонесуваат за контрола на оргазмот и предвремена ејакулација. Нивното изведување е едноставно. Она што треба да направите е да ги стегнете мускулите што ги користите за да го контролирате мокрењето и држете ги напнати неколку секунди, а потоа опуштете се. Повторете ја вежбата десет пати. За најдобри резултати, експертите советуваат да ги парвите четири до пет пати на ден.

Јога
Јогата го прави телото пофлексибилно, ја зголемува сексуалната желба и овозможува подобар проток на крв. Нивото на енергија исто така ќе се зголеми, и сите фактори заедно ќе прават чуда за вашиот либидото.

(145)

Вашиот коментар