Повеќе од половина од возрасните се срамат од својот изглед

 
 

Во истражувањето на околу 2.000 возрасни учесници, 56 проценти рекле дека наишле на засрамувачки коментари за нивниот изглед во изминатата година. Едно од десет лица изјави дека се сретнале со негативни коментари за нивниот изглед минатата недела.

Тежината е најчестата причина за срам. Шест од десет  лица со прекумерна тежина изјавиле дека биле критикувани за нивната тежина. Предмет на критика биле и изгледот на кожата, косата и висината и едно од десет лица рече дека дури биле исмејувани за големината на стапалото и изгледот на веѓите.

„Јасно е дека многумина се борат со нарушена самодоверба, често заради коментарите на другите, што е навистина жално. Ние остро се спротивставуваме на срамот околу изгледот и тежината на телото, без разлика дали тоа го гледаме во медиумите, на работното место и во секојдневниот живот“, кажа анкетарката Зои Грифиц.

Претходната студија откри дека едно од шест лица добиле негативни коментари од својот партнер, а секој четврти од членовите на нивното семејство во последните 12 месеци. Едни од најчестите критичари се блиските пријатели.

Исто така, двајца од петмина рекоа дека се чувствуваат небезбедно, непријатно и понижено по ваквите искуства. Сепак, повеќе од една осмина од испитаниците рекле дека популарноста на разни плус сајз модели во поп-културата им помогнала да се чувствуваат подобро, пренесува „Индепендент“.

(9)

Вашиот коментар