Последици од емоционалната состојба: Овие типови болка се јавуваат на психичка база!

 
 

Дали некогаш сте се запрашале зошто ве боли главата, рамото или коленото, а не сте правеле апсолутно ништо што би можело да ја предизвика таа болка?

Постои можност некој дел од телото да ве боли поради вашата емоционална состојба. Дознајте како умот, односно вашата психичка состојба, може да биде поврзана со појавата на болка во одредени делови од телото.

Болки во главата
Болките во главата, како што е главоболката, може да е предизвикана од секојдневниот стрес. Одвојте малку време за себе и опуштете се. Опуштањето со текот на времето целосно ќе ве ослободи од болните главоболки.

Болки во вратот
Ако чувствувате болки во вратот, а не знаете зошто, можеби имате проблем со опростувањето. Тешко ви е да им простите на другите, но и себеси за некои работи што мислите дека не требало да ги направите. Размислувајте за работите што ви се допаѓаат кај другите луѓе и немојте премногу да се оптоварувате со нивните грешки.

Болки во рамената
Болките во рамената може да укажуваат на носење тежок, емоционален товар. Обидете се да ги решите таквите проблеми во вашиот живот, без разлика дали само вие знаете за нив или и други луѓе се вмешани. За сѐ постои решение, па така и за вашиот проблем.

Болки во горниот дел од грбот
Болките во горниот дел од грбот се знак на тоа дека немате доволно емоционална поддршка. Се чувствувате несакано и непожелно. Ако сте сами, можеби треба да излезете со некого. Ако не сте, поразговарајте за вашиот проблем. Можеби сето тоа е во вашата глава и самите се вовлекувате во некој вид депресија. Тука ќе ви помогнат луѓето кои навистина ве сакаат, како што е семејството и партнерот.

Болки во долниот дел од грбот
Ако имате болки во долниот дел од грбот, дали постојано мислите на пари? Растоварете се, запишувајте сѐ во вашиот планер, поразговарајте со луѓето кои се грижат за вашите пари. Ако имате добра и стабилна работа, нема потреба да размислувате за приходите. Ако многу трошите, обидете се да ги намалите трошоците и да ги сведете на минимум.

Болки во лактите
Болките во лактите укажуваат на вашата одбивност кон промените во животот. Ако имате вкочанети раце, веројатно таков ви е и животот. Разиграјте ги малку работите и ќе видите какви промени може да ви се случат.

Болки во рацете
Болките во рацете се знак на тоа дека можеби не им приоѓате на другите онака како што би требало. Обидете се да запознаете нови пријатели, одете на ручек со колегите и остварете нови контакти.

Болки во колковите
Болките во колковите го означуваат вашиот страв кон некои видови движења. Болните колкови се знак дека одбивате да се придвижите нанапред и дека сте премногу внимателни кога донесувате одлуки. Опуштете се!

Болки во колената
Болките во колената се знак на големо его и превисоко мислење за себе. Погледнете се добро себеси, одвојте време за волонтирање, помагајте им на другите.

(576)

Вашиот коментар