Постои ли добар секс без оргазам?

 
 

Оргазмот е крајната цел на секој сексуален однос.

Притисокот за неговото постигнување е подеднаков кај двете страни: мажот да ја доведе жената до оргазам како потврда за својата љубовна умешност и жената да го достигне врвот и така да се задоволи себеси и партнерот.

Но не секогаш е лесно да се постигне оргазам, па оние кои имаат проблем со тоа знаат да кажат дека поважен е самиот чин на водење љубов. Додека луѓето кои немаат проблем ќе ви речат дека без раазлика на оргазмот, сексот може да биде добар или лош.

Сексуалниот чин за да биде наречен совршен треба да бидат исполнети повеќе елементи, а оргазмот е секако еден од нив.

Вистина е дека жените потешко (некои дури и никогаш) го доживуваат. Додека многумина сметаат дека проблемот е во главата, резултатите на едно истражување покажуваат дека вината е кај двата пола.

Поранешни истражувања покажуваат дека голем број жени се подготвени да го задоволат партнерот, а потоа мирно да заспијат без и самите да се задоволени. Поразен е резултатот од анкетата според која дури 75 % од жените биле со партнер со кој немале оргазам а тој за тоа не бил загрижен.

Како и да е оргазмот е златна завршница околу која се врти целата приказна, па ако имате проблем со постигнување, време е со партнерот да посветите повеќе внимание на тоа.

(493)

Вашиот коментар