Производителите ги бојат маслинките со вештачки бои

 
 

Бојата на маслинките не зависи од сортата. Зелените маслинки се набрани незрели и ја менуваат бојата како што зреат, од црвеникаво-кафеава до црна како мастило.

Незрелите зелени маслинки се цврсти и со умерен вкус, додека црните се опори. Но, зрели или незрели, всушност набраните маслинки се екстремно горчливи.

За да станат вкусни, тие мора прво да отстојат во саламура неколку месеци.

Меѓутоа, некои производители се обидуваат да го скратат долгиот процес на созревање па зелените маслинки ги бојат со дозволени вештачки бои, како што се железо глуконат.

Боењето на маслинките е законски дозволено, но тоа мора да биде јасно истакнато во декларацијата на производот.

А дали маслинката е обоена или не, можете да откриете според семката. Црните маслинки имаат и црна семка.

(174)

Вашиот коментар