Психолошки трикови кои ќе ве направат експерт за комуникација, дури и ако сте најсрамежливи

 
 

Не сите се експерти за комуникација и за отворање секакви дискусии со секој што ќе им пријде.

Луѓето кои се повлечени и срамежливи тешко се справуваат со започнување разговор и привлекување други околу нив, но психолозите имаат начин да го променат тоа.

Постојат трикови кои ги користат психолозите, а може да ги применуваат и сите обични луѓе кои имаат проблем со комуникација.

Со следниве трикови може да станете експерт за комуникација и да ги изненадите сите:

1. Ако не знаете што да зборувате, оставете му на соговорникот да зборува за себе. Вие, користете го методот на активно слушање, покажувајте емоции во моментот зависно од тоа што зборува.

2. Прашањето „Дали разбрав точно дека…?“ може да биде многу корисно, бидејќи така соговорникот сфаќа дека сте слушале внимателно и разговорот ќе продолжи полесно.

3. За да не се чувствувате непријатно на некој настан или забава, дојдете порано. Така ќе може да си најдете удобно место, да се приспособите на околината и нема да мора да влегувате пред сите не знаејќи како да се однесувате и со кого што да си кажете.

psiholoshki-trikovi-koi-kje-ve-napravat-ekspert-za-komunikacija-duri-i-ako-ste-najsramezhlivi-02.jpg

4. Ако знаете дека некој сака да ве критикува за работата или идеите на состанок, седнете до него. Тоа ќе ја смири личноста и нема бурно да реагира, па полесно ќе ви биде да разговарате.

psiholoshki-trikovi-koi-kje-ve-napravat-ekspert-za-komunikacija-duri-i-ako-ste-najsramezhlivi-03.jpg

5. Ако сакате вашата мисла да добие вредност, кажете дека сте ја слушнале од родителите или од некој професор.

6. Ако некој каже навредлива шега на ваша сметка, побарајте да ја повтори или да ја објасни. Така, веќе нема да биде смешна, а личноста ќе се засрами.

7. Ако знаете дека ќе треба да се ракувате со некого, прво загрејте ги малку рацете. Топлите раце оставаат подобар впечаток.

psiholoshki-trikovi-koi-kje-ve-napravat-ekspert-za-komunikacija-duri-i-ako-ste-najsramezhlivi-04.jpg

8. Ако соговорникот ви поставува непријатни прашања, прекинете го и поставете прашања и вие. Променете ја темата и наметнувајте се, така ќе престане со тие прашања.

9. Кога сте на интервју за работа, за полесно да ја пребродите тремата, замислувајте си дека веќе сте ја добиле работата и сега разговарате за некои услови за да се договорите дека е сигурно.

psiholoshki-trikovi-koi-kje-ve-napravat-ekspert-za-komunikacija-duri-i-ako-ste-najsramezhlivi-05.jpg

10. Ако сакате да уверите некој во нешто, не употребувајте фрази како „Мислам дека…“ и „Изгледа дека…“

11. Пред да се состанете со некого, најдете начин и размислувајте на нешто што ќе ви го подобри расположението, па појавете се среќни на средбата – така ќе ја пренесете енергијата и разговорот ќе тече полесно.

psiholoshki-trikovi-koi-kje-ve-napravat-ekspert-za-komunikacija-duri-i-ako-ste-najsramezhlivi-06.jpg

(175)

Вашиот коментар