Самодоверба не се гради со лајкови: Што прават самоуверените луѓе поразлично од другите?

 
 

Тие добро го познаваат сопствениот карактер. Свесни се за нивните доблести и маани, па немаат проблем со прифаќањето критики на своја сметка. Честопати знаат да бидат погрешно оценети од околината како вообразени, но ним дури и лошите зборови им служат како поттик за личен напредок.

Вистинската и зрела самодоверба, за разлика од лажната и разнишаната, подразбира реално согледување на своите способности и тежнеење кон остварување на личните потенцијали. Како да ги разликувате од човек до човек?

Ова се нештата кои самоуверените луѓе ги прават поразлично од другите:

1. Не се обидуваат да му удоволат на секого.
Постои важна разлика помеѓу желбата да им помогнете на другите, наспроти тоа целосно да се посветите за да им се допаднете.

Првата ситуација е од благороден карактер, додека втората е просто невозможна мисија. Зачестените разочарувања и преиспитувања каде нештата пошле на лошо, комплетно ја убиваат самодовербата.

Самоуверените личности не ја темелат својата вредност врз основа на туѓото мислење за нив. Таа извира одвнатре – а не однадвор.

samodoverba-ne-se-gradi-so-lajkovi-shto-pravat-samouverenite-porazlichno-od-drugite-lugje-3.jpg

2. Почесто слушаат одошто говорат.
Врежан е ставот дека личностите кои без проблем настапуваат пред поголема бројка на луѓе, сигурно имаат и силна самодоверба. А, во суштина, не е баш така.

Самоуверените луѓе неретко помалку зборуваат, а повеќе слушаат и впиваат информации. Ним не им е потребен аплаузот на публиката, бидејќи веќе си ги познаваат своите квалитети.

samodoverba-ne-se-gradi-so-lajkovi-shto-pravat-samouverenite-porazlichno-od-drugite-lugje-4.jpg

3. Не висат на Фејсбук и Инстаграм.
Познато е дека личностите со ниска самодоберба бараат „одобрение“ и на социјалните мрежи. Честопати со објави кои не се типични за нивното секојдневние, туку нешто со кое пробуваат да се истакнат и прикажат во поинакво светло. Егото им расте со бројот на лајкови.

Од друга страна, таквите потврди не им се нужно потребни на вистински самоуверените личности. Напротив. Тие избегнуваат јавно да го разголат сопствениот живот, откривајќи везден каде се, со кого и што прават во дадениот момент.

samodoverba-ne-se-gradi-so-lajkovi-shto-pravat-samouverenite-porazlichno-od-drugite-lugje-5.jpg

4. Не ги исмеваат другите.
Многумина мислат дека со намалување на туѓата, можно е да си ја зголемат сопствената вредност. Ама, со исмевањето на останатите луѓе, само покажувате дека немате доволно самодоверба.

Самоуверените особи точно знаат колку вредат, па ги почитуваат другите со сите нивни доблести и маани. Не ги искористуваат оние кои се несигурни во себе, како би се истакнале во споредба со нив.

samodoverba-ne-se-gradi-so-lajkovi-shto-pravat-samouverenite-porazlichno-od-drugite-lugje-6.jpg

5. Не се прават паметни.
Луѓето со лажна самодоверба, неретко сакаат да им дадат на другите до знаење дека тие се подобри од нив на секое поле. Или, пак, дека барем имаат свое мислење на сите можни теми, кое не се колебаат јавно да го споделат.

Самоуверените личности не го прават тоа. Тие се свесни дека немаат одговори за сѐ. Наместо на сиот глас да го потенцираат она што веќе го знаат, попрво во мир и тишина ги бараат одговорите за непознатото.

samodoverba-ne-se-gradi-so-lajkovi-shto-pravat-samouverenite-porazlichno-od-drugite-lugje-7.jpg

(60)

Вашиот коментар