Скандал на свадба во Босна: Невестата сакала да ги украде парите од гостите и да побегне

 
 

Комична ситуација на свадба во Босна деновиве стана тема од насловните страници во медиумите во регионот. Невеста која сакала да ги земе сите пари од свадбата и да побегне предизвика вистински скандал.

Свадбената церемонија место да биде највеселиот ден стана вистински кошмар за младоженците Един Хусељич (23) од Градач и неговата избраничка Елде Мујчин од Оџак. Целата расправија настанала поради пари. Среде свадба младенците почнале да се расправаат кој да ги земе парите, по што се растурила целата веселба на која имало 300 гости, а невестата уште истата вечер се вратила дома кај нејзините родители.

Свадбата била весела  до приближно 23 часот, кога невестата, како што е обичај, почнала да се поздравува со гостите и да им дели кафе, а тие пак на неа ѝ оставале пари. Била собрана поголема сума средства.

Додека музиката свирела во весел ритам, одеднаш се слушнала жестока расправија. Никој не можел ниту да претпостави дека младите ќе се скараат околу парите.

,,Невестата побара да ги земе сите пари, оти ѝ припаѓале на неа бидејќи го послужувала кафето. Зетот таков предлог не прифатил бидејќи тој зел кредит за да ја реновира куќата пред бракот, а наводно ги платил и трошоците за свадбата”, изјави еден од гостите на свадбата.

Двете семејства се во шок откако невестата уште вечерта се вратила во својот дом. Таа претходно ја зела корпата со пари и се обидела да побегне, но била спречена во тоа.

Младите пред свадбата се забавувале неколку месеци, а само неколку часа по велелбата бил повикан адвокат за развод.

Не се знае дали невестата сепак успеала да украдел дел од свадбените пари. Гостите наведуваат дека по пребројувањето на корпата во неа биле изброени 5 500 марки.

(158)

Вашиот коментар