Стартува лотаријата за „зелена карта“ на САД

 
 

Ако сонувате да живеете во Соединетите Американски Држави тоа може да го остварите најлесно преку Лотаријата за таканречените зелени карти.

Американската амбасада во земјава информираше дека Онлајн – регистрацијата за Лотаријата за 2021 година почнува денеска, 2 октомври, во 18 часот и ќе заврши во петок на 5 ноември, во 18 часот.

Сите детали што треба да направите читајте ги на овој линк.

Законот дозволува само една електронска форма по учесник во текот на периодот на регистрација. Кандидатите кои поднеле повеќе од едно барање ќе бидат дисквалификувани.

Меѓутоа, можно е мажот и жената да поднесат посебна форма со вклучување на нивниот брачен другар, доколку и двајцата ги исполнуваат условите.

(274)

Вашиот коментар