Топ 10 најчести женски имиња во Македонија и нивното значење

 
 

Колку пати сте помислиле дека не сакате вашето дете да има име кое е премногу често или ве интересирало уште колку други личности го имаат вашето име?

top-10-najchesti-zhenski-iminja-vo-makedonija-i-nivnoto-znachenje01.jpg

Во нашата земја има неколку имиња кои се повторуваат многу често и важат за „најпопуларни“ имиња кои ги добивале децата низ годините.

Дел од нив, денес не се толку модерни за новородените деца, но сепак голем број жени се носители на имињата Ана, Марија, Сара и уште неколку кои најчесто ги слушаме.

Според Државниот завод за статистика, одбравме неколку имиња што сметаме дека се најчести и проверивме колку пати се повторуваат, според последната состојба на  31.12.2018.

Во продолжение погледнете листа од топ 10 имиња подредени од најретки кон најчести и откријте кое е нивното значење:

Симона – се појавува 4161 пати

Има хебрејско потекло и настанало од зборот „симон“ што значи „слушање, послушност“ што значи го носат жени кои се добри, љубезни, имаат способност за слушање.

Лидија – се појавува 5049 пати

Библиско име со грчко-хебрејско потекло, а има значење „родена од Бог“. Носителите на ова име се сметаат за безгрешни и „испратени од Бог да делат правда и добрина“.

Маја – се појавува 7020 пати

За потеклото на ова име има повеќе теории – се смета дека потекнува од древна божица во грчката митологија во која бил заљубен Зевс. Во римската митологија, Маја се смета за божица на плодноста и пролетта, па токму затоа еден пролетен месец го носи ова име – мај. Според други потекла, името означува „добра мајка“ и „великодушност“.

Ана – се појавува 7770 пати

Името е облик на хебрејското име Хана и значи „милост“ и „благодарност“, а во христијанската вера, Ана е името на бабата на Исус Христос.

Сара – се појавува 7978 пати

Ова име има хебрејско потекло и е изведено од зборот „Сараи“ чие значење е „кнегиња, владеач, жена од висок ранг“. Според други извори, името значи „личност која носи среќа“.

Ивана – се појавува 8009 пати

Името потекнува од грчкото име „Јоан/ес“ или старохебрејско „Јохан“, а значи „милост“. Името исто така се толкува како израз за „раѓање кое претставува дар“.

Сузана – се појавува 8358 пати

И ова име има хебрејско потекло, а значењето претставува „бел крин“. Иако нема врска со изворот на името, сепак на просторите со српско говорно подрачје се верува дека многумина имаат на ум солзи (suze) кога одлучуваат да ги крстат децата така.

Весна – се појавува 10318 пати

Името потекнува од старо-словенска група ан јазици и се претпоставува дека има потекло од словенската божица на пролетта, Весна, или пак, дека е изведено од зборот „весник“, со значење на „најавување на доаѓањето на пролетта, односно радост, топлина и сонце“.

Елена – се појавува 12200 пати

Името има грчко потекло и е варијанта на имињата Елени, Хелена, каде зборот „хеле“ означува „сончева севтлина, сјајна, блескава“. Ова име го носела најубавата жена на светот, ќерката на Зевс

Марија – се појавува 21148 пати

Потекнува од хебрејското име „Мирјам“, што означува „корпулентна-плодна“ па дури и „непослушна“, а како име на мајката на Исус, има симбол на чиста и длабока љубов. За потеклото и значењето има многу толкувања – според едно, значи „сакана од Бог“, а според некои други, името значи и „горчина, тага“.

Ако сакате да проверите колку пати се појавува вашето име, кликнете ТУКА

(130)

Вашиот коментар