Трансплантацијата на матични клетки важна за лекување на ХИВ

 
 

Кај британски пациент заразен со ХИВ, по трансплантација на матични клетки, вирусот најверојатно исчезнал односно повеќе не е детектиран и човекот прекинал да зема лекови, објави медицинското списание „Нејчр“.

Кај човекот познат како „Лондонски пациент“, ХИВ вирусот бил дијагностициран 2003 година. Девет години подоцна е откриено дека боледува од Хоџкинов лимфом. Матичните клетки за лекувањето ги добил од донор отпорен на ХИВ, што довело до ремисија на вирусот и лимфомот.

Истражувачите, сепак, напомнуваат дека е сѐ уште рано да се каже дека пациентот е „целосно излекуван од ХИВ”. Овој начин на лекување не е практичен за многумина кои се заразени од ХИВ, но би можело да помогне во пронаоѓање на лекот.

Лондончанецот веќе 18 месеци е во ремисија. Тој е втор пациент, лекуван на ваков начин, што завршил во ремисија. Пред 10 години во Берлин на првиот пациент, исто така, му беше трансплантирана коскена срцевина од донор природно имун на ХИВ.

(28)

Вашиот коментар