Хороскопски знаци кои не се плашат од неверство

 
 

Не сте сигурни дали ве изневерува? Ѕвездите го знаат одговорот. Секако дека не се сите од наведениве знаци неверни, но треба да ги имате предвид овие комбинации.

Овен и Бик
Овенот и Бикот многу се привлекуваат меѓусебно, па затоа тие на прв поглед се одличен пар. Меѓутоа, огнениот Овен не е ни приближно толку верен колку Бикот. Нивната љубов постојано ќе биде ставена на тест, бидејќи Овенот е склон кон неверство.

Близнаци и Вага
Луѓето родени во знакот Близнаци и Вага со задоволство поминуваат време заедно. Имаат многу сличности, а Вагите ја обожаваат превртливата природа на Близнаците. Меѓутоа, Близнаците многу брзо почнуваат да се чувствуваат заробено, па не се толку верни колку поединците родени во знакот Вага. Во нивната врска многу брзо доаѓа до напнатост и неверство.

Рак и Јарец
Ракот ужива во додворувањето на Јарецот, додека Јарецот се вљубува до уши во чувствителноста на Ракот. Иако тоа на почетокот делува како идеална врска, на Ракот многу брзо му досадува. Поради тоа, почнува да бара афера.

Лав и Стрелец
Овие огнени знаци на почетокот се многу вљубени и меѓусебно се опсипуваат со внимание. Меѓутоа, на Лавот му треба константно внимание што Стрелецот не може да му го даде. Токму затоа, Стрелецот почнува да освојува нови луѓе. И двата хороскопски знака не вложуваат доволно енергија во врската и по некое време воопшто не се сфаќаат сериозно.

Скорпија и Риби
На овие два хороскопски знака не им е многу гајле за врската, па затоа не им е толку тешко да изневерат. Со оглед на тоа што обата знака не се верни, нивната врска е минлива.

Водолија и Девица
Водолијата веднаш почнува да се интересира за невината личност на Девицата. Но, многу брзо добива потреба да изневерува. Освен тоа, Девицата не може да се справи со спонтаноста на Водолијата, па многу често доаѓа до караници.

(150)

Вашиот коментар