Чудни факти кои можат да ви го спасат животот

 
 

Еве неколку навидум чудни совети, но во пракса навистина може да ви го спасат животот доколку знаете како да постапите.

Хемикалиите предизвикуваат посериозни изгореници отколку огнот
Ако дојдете во контакт со хемикалија, најчесто не е доволно да измиете со сапун и вода. Внимателно читајте ги упатствата за употреба, бидејќи можете да завршите со „дупки“ во кожата

chudni-fakti-koi-mozhat-da-vi-go-spasat-zhivotot-02.jpg

Во случај да напукне тенок мраз
Да се биде над мразот е подобрата опција отколку да се биде под него. Во случај да сте се нашле над тенок мраз и тој почне да пука, наместо да одите по него, легнете и со пливачки движења движете се во правецот од каде дојдовте. Според науката, помалку ризично е вака, отколку да продолжите да одите.

chudni-fakti-koi-mozhat-da-vi-go-spasat-zhivotot-08.jpg

Знамињата на плажа се ваши пријатели
Сите знаеме да разликуваме жолто од портокалово или црвено знаме кога сме на плажа, но многумина се збунети кога ќе видат виолетово. На голем дел плажи низ светот, виолетовото знаме означува дека во водите има опасна форма на живот.

chudni-fakti-koi-mozhat-da-vi-go-spasat-zhivotot-04.jpg

Нешто повеќе за сервисот 911
Во САД, 911 можете да повикате дури и кога немате ниту една „цртичка“ на мрежата. Повиците кон оваа линија се „закачуваат“ на најблиската базна станица на кој и да е оператор.

chudni-fakti-koi-mozhat-da-vi-go-spasat-zhivotot-03.jpg

Внимателно со убодите
Ако се случи да имате каква било убодна рана од остар предмет, направете преврска за прва помош, но никогаш не го извлекувајте на своја рака, туку веднаш заминете во најблискиот ургентен центар.

chudni-fakti-koi-mozhat-da-vi-go-spasat-zhivotot-09.jpg

Чистењето тоалет е голем ризик
Хемикалиите во детергентите може да бидат многу опасни. Препорачливо е да не ги мешате едни со други, за да не предизвикате несакана хемиска реакција, која може да биде опасна за вас. Ако веќе мора да употребите повеќе средства, задолжително носете гумени ракавици, па дури и маска на лицето.

chudni-fakti-koi-mozhat-da-vi-go-spasat-zhivotot-07.jpg

На напад со напад
Ако некој се обиде физички да ве нападне, обидете се да му нанесете повреди со гребење. Неговата ДНК ќе остане под вашите нокти и полесно ќе се идентификува напаѓачот. На овој начин биле разрешени дури и навидум „чистите“ убиства.

chudni-fakti-koi-mozhat-da-vi-go-spasat-zhivotot-05.jpg

Малку грозно, но може да спаси живот
Доколку столицата ви личи на црна кал или катран, или пак ако повраќате темно кафеава или црна содржина, може да се работи за некое внатрешно крварење. Но, пред сè, исклучете ги намирниците кои сте ги изеле, а кои може да предизвикаат боење на изметот или повраќаницата. Доколку не сте јаделе што било што може да ги обои, време е за на лекар.

chudni-fakti-koi-mozhat-da-vi-go-spasat-zhivotot-06.jpg

(85)

Вашиот коментар