Што си по-туп на чувства, тоа си по-десен во погледите

 
 

Истражувачи од Белгија го поврзаа недостатокот на емоционална интелигенција со десничарските политички погледи, пренесуваат тамошните медиуми. Студијата, покажува дека оние на кои им недостасува способноста да ги разберат и управуваат емоциите, прилично сигурно имаат десничарски ставови и предрасуди.

Луѓето кои се емотивно интелигентни имаат тенденција да бидат емпатични, да можат да видат различни гледишта и се со отворен ум, се вели во соопштението за медиуми.

“Некои луѓе гледаат на емоционалната интелигенција како на “мека” вештина или способност и тенденција да се биде фин. Но, вистината е дека емоционалната интелигенција значи да разберете што се случува со вас во моментот, да можете да направите свесен избор за тоа како сакате да ги користите вашите емоции, како сакате да се управувате и како сакате да се гледате во светот “, вели еден од истражувачите.

Авторот на студијата, професор на Универзитетот во Гент, Ален Ван Хил, вели дека долго време студирал политичка психологија и идеологија.

„Согледавме дека левичарските и десничарските приврзаници имаат тенденција да се разликуваат на толку многу психолошки карактеристики и тоа е неверојатно“, вели тој.

За ”лабораториски глувци” се пријавиле над 900 студенти од Белгија за да се испитаат нивните емоционални способности и нивните политички погледи.

Резултатите што произлегле од истражувањето биле прилично јасни.

Оние со лоши емоционални способности, особено во разбирање и управување со емоциите, ги фаворизирале погледите за авторитарна и социјална доминација.

Во суштина, тоа значи дека тие со поголема веројатност ќе прифатат и ќе се подложат на политички авторитет, немаат проблем да изразат непријателство кон други групи и претпочитаат нееднаквост меѓу групите.

„Резултатите од оваа студија беа недвосмислени“, вели Ван Хил. „Луѓето кои се подложуваат на авторитет и силни лидери и на кои не им пречи нееднаквоста, двете основни димензии кои се во основата на десната политичка идеологија, покажуваат пониски нивоа на емоционални способности“.

(39)

Вашиот коментар