Што треба да избегнувате до 28-ми март според вашиот хороскопски знак?

 
 

Три или четири пати во годината, планетата Меркур изгледа како да се движи наназад на небото и ова трае околу 3 недели. Овој феномен е познат како ретрограден Меркур. На 5-ти март, Меркур започна со неговото ретроградно движење и ова ќе трае до 28-ми март.

Што треба да избегнувате до 28-ми март според вашиот хороскопски знак?

Овој феномен ќе донесе многу можности во вашиот живот, но и многу предизвици. Па погледнете што треба да избегнувате овој период, според вашиот хороскопски знак.

Овен
Иако обично сте отворени и самоуверени, можеби треба да го промените ова. Вашето его може само да ви нанесе штета. За да ги избегнете потенцијалните проблеми со блиските луѓе во вашиот живот, обидете се да ја разберете и нивната страна, а не само да докажувате дека сте во право.

Бик
Иако често изгледате како потпора за луѓето во вашиот живот, овој пат ќе бидете многу поподложни на влијанието од овие луѓе. Ќе сфатите дека смирувањето на вознемирените пријатели може да ви ја одземе целата енергија. За да се заштитите, потребно е да поставите некои здрави граници.

Близнаци
Отсекогаш сте можеле да освоите кој било со вашиот шарм. За време на ретроградниот Меркур, можно е одеднаш да се заинтересирате за идејата за статус и престиж. Важно е да не заборавите дека пријателството е поважно од гламурот. Не дозволувајте си да ги заборавите саканите.

Рак
Вашата способност за здрава интеракција со партнерот ќе биде намалена овој период. Па, често ќе судите врз основа на стереотипи и лоши слики. Обидете се да не делувате пребрзо и дајте си време да размислите за ситуацијата, пред да ве надвладеат емоциите.

Лав
Секогаш сте уживале во вашата креативна страна и тоа на многу начини. Овој период најмногу ќе сакате да ја искажете вашата креативност преку облеката. Сепак, потребно е да запомните неколку работи. Додека користењето на влијанието од другите култури е дел од човечката интеракција, внимавајте да не ја преминете границата.

Девица
Долго сте ја одржувале вашата самоконтрола, но овој период ќе сфатите дека не можете да го контролирате изразот на вашето лице. Сега ќе откриете дека не можете да ги сокриете вашите вистински чувства. Обидете се да дадете сè од себе за другите да не ги забележат вашите злобни погледи.

Вага
Овој период избегнувајте ги одлуките во врска со односите од минатото и сегашноста. Доколку сте размислувале да се смирите со бившиот, немојте. Овој период, секој обид поврзан со смирување ќе биде неуспешен. Наместо тоа, обидете се да сфатите што е добро во вашиот живот и престанете да гледате наназад.

Скорпија
Вие сте познати по тоа што кажувате што мислите кога има потреба. Имате мала толеранција за грешки и се држите до вашите високи стандарди. Овој период, стандардите ќе ви станат уште повисоки. Можеби ќе мислите дека ја добивате најлошата услуга во рестораните или продавниците, но ова мислење не е точно. Обидете се да дишете длабоко и да останете љубезни.

Стрелец
Отсекогаш сте уживале да бидете во очите на јавноста и веројатно сте нашле начин да ја искористите вашата способност за привлекување со сите што ги среќавате на работното место. Ова е вештина што ви помогнала многу, но овој период немојте да се потпирате на неа. Ретроградниот Меркур може да ви ја отежни комуникацијата со другите.

Јарец
Отсекогаш сте биле потпора за вашето семејство. Но, овој период ве очекуваат проблеми со овие луѓе. Ќе сфатите дека поддршката што им ја нудите е нешто што ве исцрпува. Не плашете се да кажете не.

Водолија
Ретроградниот Меркур ќе предизвика забуна во вашата комуникација. Можно е да доживеете многу „глупости“, но овие грешки можат да имаат големо влијание врз вашиот живот. Добро проверете кому ќе ја испратите долгата порака. Всушност, целосно избегнувајте ја пишаната комуникација, бидејќи може да ви предизвика неволја.

Риби
Вие сте експерти за купување, особено кога има попусти и распродажби. Поради ретроградниот Меркур, можно е да донесете навистина лоши одлуки кога станува збор за трошењето. Овој период немојте да купувате скапи работи и пред да одлучите дали сакате нешто, почекајте барем еден ден. Подоцна ќе ви биде мило кога ќе сфатите дека сте избегнале грешка бидејќи не сте купиле нешто.

(80)

Вашиот коментар