Ја доела ќерка си 9 години: Престанав кога ми рече дека е доста

 
 

Ми недостасува доењето на ќерката, вели Шерон Спинк (50), мајка на четири деца и актерка од Британија. Таа објаснува дека за неа е сосема нормално што ја доела ќерка си Шарлот девет години и не гледа ништо лошо во тоа.

Шерон посочува дека би ја доела и подолго, доколку девојчето не рекло дека повеќе не сака да цица. Таа тврди дека ќерка и е здрава и ретко се разболува, токму заради својството на мајчиното млеко. Ја доела ќерка си само кога таа ќе посакала. Последнава година ја доела само еднаш месечно.

– Веќе два месеца нема побарано да ја дојам. Доењето ја зацврсти нашата врска и мислам дека тоа нема да се смени ниту сега кога не цица повеќе – изјавила мајката.

Освен Шарлот, Шерон ги има и Ким (30), Сара (28) и Изабел (12). Признава дека првите две деца ги доела само две недели, а третото околу шест месеци, заради одредени проблеми. Со Шарлот одлучила да биде поинаку.

Наспроти нејзините тврдења, таа постојано е мета на критики, а критичарите оделе до таму што ја нарекувале болна личност, напаствувач на деца и педофил.

(53)

Вашиот коментар