10 работи во домот кои може да ви експлодираат без предупредување

 
 

Дали сте знаеле дека дома имате потенцијални темпирани бомби за коишто не сте свесни? Внимавајте на овие работи, бидејќи не изгледаат толку безопасно како што мислиме:

1. Светилки
Топлината и стаклото се лоша комбинација. Доколку металната основа на светилката не била добро затворена од произведувачот, основата може да се стопи, што ќе го смени притисокот на загреаниот гас внатре во светилката и тоа да доведе до експлозија.

10-raboti-vo-domot-koi-moze-da-vi-eksplodiraat-bez-predupreduvanje (2).jpg

2. Лак за коса
Како што пишува на сите спрејови, никогаш не оставајте ги лименките на директна сончева светлина. Содржината во лименката од лакот за коса е под голем притисок, а дополнително е и запалива.

Топлината прави притисокот внатре во лименката да се зголеми, а тоа прави честичките внатре да почнат да се движат уште побрзо, сè додека не дојде до експлозија.

10-raboti-vo-domot-koi-moze-da-vi-eksplodiraat-bez-predupreduvanje (1).jpg

3. Печка на дрва
Кога доаѓа до експлозија во печката на дрва, најчесто виновник е заробениот кислород.

Ова се случува како резултат на поврат на воздух од вентилацијата и ненадеен налет на свеж кислород којшто инстантно се пали и произведува експлозија.

Затоа кога поставувате печка на дрва, секогаш оџакот нека го провери стручно лице.

10-raboti-vo-domot-koi-moze-da-vi-eksplodiraat-bez-predupreduvanje (5).jpg

4. Стаклена врата од туш кабина
Ова не се случува често и не е нешто за коешто треба да сме загрижени, но сепак може да се случи.

Вратите од калено стакло може да попуштат под наглите промени во температурата и бидејќи се така изработени, тие ќе се скршат наеднаш во илјадници мали парчиња за да ве заштитат од повреда којашто би ја нанело големо парче стакло.

Исто така, ваква експлозија на стаклото може да се случи доколку вратата веќе имала неприметно оштетување кое во еден момент почнало да се шири.

10-raboti-vo-domot-koi-moze-da-vi-eksplodiraat-bez-predupreduvanje (8).jpg

5. Еспресо машина
Понекогаш може да се случи еспресо машината да експлодира како резултат на неисправен вентил, поради којшто се создава повисок притисок од нормално.

10-raboti-vo-domot-koi-moze-da-vi-eksplodiraat-bez-predupreduvanje (10).jpg

6. Септичка јама
Повеќето септички јами имаат мала цевка за вентилација, којашто има улога да ја вентилира јамата од насобирање на високо запаливиот гас метан, којшто се создава од изметот.

Доколку оваа цевка ја нема, има опасност од насобирање на преголема количина метан којшто може да се запали и од најмала искра.

10-raboti-vo-domot-koi-moze-da-vi-eksplodiraat-bez-predupreduvanje (3).jpg

7. Бојлер
Да, бојлерот може да експлодира и тоа може да биде катастрофално. Затоа секој бојлер има вграден термометар и регулатор за висок притисок со славина за испуштање на прегреаната вода.

Доколку термостатот е неисправен може да дојде до прегревање на водата, а со тоа создавање на преголем притисок внатре во бојлерот и кога веќе металот нема да може да издржи ќе дојде до експлозија.

10-raboti-vo-domot-koi-moze-da-vi-eksplodiraat-bez-predupreduvanje (4).jpg

8. Паметни телефони и лаптопи
Паметниот телефон може да експлодира и главен виновник за тоа е литиум јонската батерија којашто се наоѓа и во лаптопите.

Батеријата ја складира енергијата и потоа постепено ја ослободува, но кога енергијата ќе се ослободи во ненадеен бран, батеријата не може да го издржи притисокот и експлодира.

Ова може да биде предизвикано како резултат на изложеност на топлина или пак механичко оштетување.

10-raboti-vo-domot-koi-moze-da-vi-eksplodiraat-bez-predupreduvanje (7).jpg

9. Брашно
Брашното е јаглехидрат којшто е составен од високо запаливи молекули на шеќер.

Кога ситните честички на брашното се разлетани во воздухот, богат со кислород, стануваат запаливи и доколку се изложат на директен оган може да експлодираат како мали огномети.

10-raboti-vo-domot-koi-moze-da-vi-eksplodiraat-bez-predupreduvanje (9).jpg

10. Шишиња пиво
Можеби најбрзо ќе го изладите пивото доколку го ставите во замрзнувачот, но внимавајте да не го оставите подолго.

Бидејќи кога пивото мрзне, се менува неговата молекуларна структура, водата во него се шири и стаклото не може да го издржи притисокот, па така шишето експлодира во замрзнувачот.

10-raboti-vo-domot-koi-moze-da-vi-eksplodiraat-bez-predupreduvanje (6).jpg

(93)

Вашиот коментар