10 факти за габичните инфекции што секоја жена треба да ги знае

 
 

Габичните инфекции се многу чести, а настануваат од најразлични фактори.

Но и покрај тоа што речиси секоја жена се соочила со габична инфекција на интимната област, повеќето знаат многу малку за овие инфекции.

Затоа, погледнете ги фактите што секоја жена треба да ги знае за габичните инфекции:

Габичните инфекции се многу чести

3 од 4 жени барем еднаш во животот ќе се соочат со габична инфекција. Дури 53% од жените не знаат како да се справат со инфекцијата или да ја спречат нејзината појава.

Габичните инфекции се 10% до 20% почести кај жените во репродуктивна доба. Кај 30% од трудниците, можно е да се појави габична инфекција во периодот околу породувањето.

Не е полово пренослива болест

Дури 81% од пациентите со габична инфекција стравуваат дека болеста ја добиле од сексуалниот партнер.

Но, габичната инфекција е всушност нерамнотежа на рН вредноста на вагината. Ова, пак, често е поради хормонална нерамнотежа.

Причини за габична инфекција можат да бидат хормонските контрацепциски апчиња, стресот, ослабениот имунитет, заморот, носењето испотена облека и слично.

10-fakti-za-gabichnite-infekcii-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-02.jpg

Не е хронично воспаление

Дури 67% од жените веруваат дека габичните инфекции не се лекуваат целосно. Но, ова се случува само кај луѓето со оштетен имунитет.

Најчесто, со правилна терапија, габичните инфекции поминуваат за една недела.

После породување се зголемува ризикот од габична инфекција

Многу жени ја добиваат првата габична инфекција веднаш после породувањето. Причината е хормоналната нерамнотежа во тој период.

10-fakti-za-gabichnite-infekcii-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-04.jpg

Понекогаш нема симптоми

Не секоја жена ги чувствува вообичаените симптоми од габичната инфекција, како чешање и вагинален исцедок.

Штом немате симптоми, можно е габите да се присутни на некое место, но да немаат предизвикано инфекција.

Инфекцијата секогаш е проследена со симптоми, како црвенило и неудобност.

Шеќерот го зголемува ризикот

Габите се хранат со шеќер, а ако јадете премногу, го зголемувате ризикот од инфекција.

Доколку постојано имате проблеми со габични инфекции, обидете се да го намалите внесот на шеќер.

10-fakti-za-gabichnite-infekcii-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-03.jpg

Инфекцијата можете да ја пренесете на партнерот

Иако габичната инфекција не се смета за полово пренослива болест, при незаштитен секс може да настане чешање и осип на машкиот полов орган.

Носењето испотена облека е една од причините

Долгото носење влажна и испотена облека ќе резултира со развој на габи.

Поради тоа, после секој тренинг менувајте ја долната облека. Во текот на летото, пак. немојте да седите со влажен костим за капење.

10-fakti-za-gabichnite-infekcii-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-05.jpg

Соковите можат да направат повеќе штета

Соковите можат да ви помогнат да ја излечите инфекцијата, но само ако бидете умерени. Шеќерот од соковите може да го поттикне развојот на габите.

Можете да пиете и сокови, но најмногу внесувајте вода.

Парфимираните козметички производи можат да предизвикуваат инфекција

Можеби мислите дека употребата на козметика со парфем е добра за интимната област, но ова не е точно.

Овие продукти не можат да предизвикаат габична инфекција, но нивните состојки ја намалуваат отпорноста на бактерии, габи и вируси.

(47)

Вашиот коментар