11 работи кои се нормални во некои земји, а во Македонија се сметаат за чудни

Во Данска семејствата прават пикник на гробишта, а во Тајланд забрането е да погалите дете по глава.

Во Македонија имаме навика да затвораме прозорци за да не нè „фати промаја“ и тоа најверојатно ќе им биде чудно на некои луѓе во други држави.

Но, и нам ни се чудни некои навики на луѓето од други држави:

Давање комплименти во Норвешка

Во Норвешка ако личноста ја гледате директно во очи може да биде проценето дека отворено ѝ се додворувате и нема да наиде на позитивна реакција кај соговорникот.

 
 

Да дадете комплимент смеете само на некоја многу блиска личност.

Пикник на гробишта во Данска

Во Данска не е чудно да видите цело семејство како ужива на пикник на гробишта, а понекогаш дури и се сончаат во костими за капење.

Поради малата територија на оваа држава Данците практично го користат просторот и сметаат дека и гробиштата се добро место за релаксација.

Забрана за допирање на главата на децата на Тајланд

  
 


Во Македонија кога ќе погалите дете за глава значи дека се грижите за него, но во Тајланд тоа може да биде голема навреда и само блиски луѓе смеат да го допираат овој „свет дел“ од телото.

Дури и фризерите пред да го допрат детето за глава ги спојуваат раце во знак на почит кон главата на клиентот и извинување што ќе го допираат „складиштето на душата“.

Некористење на левата рака за одредени намени во Индија и муслиманските земји


Во Индија и муслиманските земји левата рака се смета за „нечиста“, па наводно носи несреќа ако ја користите за некои работи.

loading...

Дури и ако сте леворак не треба да ја користите за ракување, подавање на визит картичка или продавање на сувенири.

Користењето на палецот како гест во Малезија, Индонезија и на Филипини


Во овие земји соговорникот може да се навреди ако го користите палецот како гест за одобрување

Забрането користење црвено мастило за пишување на името во Јужна Кореја

Кај нас црвеното мастило ни дава непријатно чувство поради спомените од школските денови кога наставниците вака ни ги коригираа грешките, но во корејската култура црвената боја се поврзува со смртта, па луѓето не ги пишуваат своите имиња со црвено.

Возење на предно седиште во такси во Австралија, Нов Зеланд, Ирска, Шкотска и Холандија

Кај нас возењето одзади во такси е сосема во ред, но во некои земји во светот се смета за многу некултурно.

Иако кај нас седењето напред се гледа како да му влегувате во личниот простор, таму е некултурно ако не седнете до таксистот.

Вадење на јазикот во Тибет

Ова е долгогодишна традиција во Тибет и се користи како знак за поздрав.

Родендените секоја година паѓаат на различен датум во Кина

Во Кина и во некои други азиски земји родендените се слават според лунарниот календар, па секоја година прославата е на друг датум.

Прекрстените прсти се навреда во Виетнам

Овој гест кој се употребува со разни намени низ светот, но во Виетнам се смета за некултурен затоа што според нив посочува на структурата на женското тело и се користи како навреда.

Плукање во лице за поздрав во племето Масаи во Кенија

Кај нас ова е навреда, но припадниците на племето Масаи се плукаат во лице за поздрав тоа им значи благослов. Дури и невестите ги плукаат на големиот ден.

(97)

Вашиот коментар