13 знаци дека немате доволно сексуални односи

 
 

Малку сте лути, па потоа тажни, па потоа ви се чини како да ви недостасува нешто во животот?

Е сега, ако малку подетално размислите за корените на проблемите, можеби ќе заклучите дека за се е виновен – сексот.

Без разлика на тоа дали сте во сериозна врска имате ‘пријател со бенефиции’ овие 13 индикатори можат да ви покажат дека всушност немате доволно сексуални односи и токму поради тоа сте незадоволни од себе.

1. Не сте заинтересирани за секс?

Ако сте во врска и сами сфаќате дека пречесто се повлекувате пред акција, размислете зошто е тоа така? Љубовта која ја имате би требало да биде доволна за да ја разбуди желбата за секс ако сте задоволни со врската.

2. Интимно подрачје

Воопшто не ве загрижува ако интимното подрачје не ви е средено, а и не планирате да се депилирате овие денови? Тоа е исто така еден од знаците дека сте немале секс во последно време и дека сте го занемариле тој сегмент во животот.

3. Тажни сте?

Ендорфините кои ги отпушта мозокот се задолжени за добро чувство. Можете да направите неколку работи и да се чувствувате подобро и да го зголемите нивото на ендорфин. Една од тие работи е токму сексот.

4. Се расправате

Докажано е дека недостатокот на секс мажите и жените ги претвора во вистински иритантни луѓе кои бараат расправија. Ако сте забележале дека константно започнувате расправии прашајте се кога последен пат уживавте во физички страсти.

5. Недостаток на самодоверба

Некои истражувања покажуваат дека добриот секс и помага на самодовербата. Ако ви се чини дека немате доволно самодоверба дома и на работа, пробајте да бидете поактивни во кревет.

6. Секс со поранешниот партнер

Многу сакате да му се јавите на поранешниот партнер и да се препуштите на неговите допири, а знаете дека е лоша идејата со оглед на заедничкото минато? Епа тоа е уште еден знак дека ви недостасува секс.

7. Бес

Во некои моменти ви се чини дека момчето би можеле без никаква грижа на совест да го удрите и да го нокаутирате? Велат дека линијата помеѓу љубовта и омразата е тенка, но таа енергија насочете ја на решавање на љубовните проблеми и префрлете ја во спалната соба.

8. Притисок од обврски

Веќе не знаете ни кој ден е ни која недела, но штом наутро ќе станете знаете дека ви е навистина доста од обврските и работата. Олеснете си ја работата и впијте малку љубов.

9. Нервоза во сообраќајот

Недостатокот на секс може да се види и во нервозата во сообраќајот. Ако сте многу нервозни додека чекате во гужва и другите возачи ве нервираат, размислете кога последен пат имавте секс и кога навистина се опуштивте во истиот.

10. Не сте свои

Не сте свои во последно време иако со здравјето ви е се во ред. Пробајте до опуштеност да дојдете со секс.

11. Темпирана бомба

Ако се чувствувате како темпирана бомба и ви се чини дека во секој момент ќе му се истурите на партнерот, тогаш замислете како би било доколку тоа би го истуриле во секс и би се опуштиле.

12. Нешто ви недостасува

Во врската до неодамна бевте како во облаци, но сега нешто се промени, нешто како да недостасува. А, да не западнавте во рутина? Пробајте нешто ново!

13. Размислувате многу околу…сексот?

Кога дневните фантазии ќе станат подобри од акциите во реалниот живот тогаш тоа е за алармирање. Земете ги работите во свои раце и свртете ја ситуацијата во своја корист.

(680)

Вашиот коментар