3 хороскопски знаци кои не сакаат никого освен себеси: Второ име им е Нарцис!

 
 

Едноставно, тие мислат дека се најдобри, сè што прават прават за сопствено задоволство и секогаш се ставаат себеси во прв план.

Овен
Првиот знак во зодијакот има многу доблести, но и една огромна мана што им смета речиси на сите, а тоа е нарцисоидноста. Иако е добро и здраво да се сакате себеси, припадниците на овој знак честопати претеруваат и одат толку далеку што се гледаат себеси како победници, мудреци, најубави и најпосебни на целиот свет. Освен што можат да изгубат пријатели поради тоа, многу лошо проаѓаат и во љубовта.

Вага
Вагите се сметаат за едни од најповршните знаци. Тие сакаат убави луѓе и убави работи. Обожаваат да го привлекуваат туѓото внимание и очекуваат посебен третман. Припадниците на овој знак често говорат за своите успеси, а неретко и претеруваат во тоа. Не е важно ако сте направиле нешто подеднакво добро како и нив, Вагите ќе ви кажат дека тие го направиле тоа подобро.

Лав
Огнените Лавови се познати по нивната егоцентричност и не се ни обидуваат да го скријат тоа од другите. Тие искрено си се воодушевуваат себеси, обожаваат да бидат во центарот на вниманието и сè знаат најдобро. Лавовите толку многу сакаат да имаат добар углед во друштвото што подготвени се да им угодуваат на другите само за да ги бие добар глас.

(294)

Вашиот коментар