7 рани знаци на рак на желудник кои секоја жена треба да знае

 
 

Ракот на желудник, иако е прилично редок (околу 6.700 нови случаи се дијагностицираат секоја година во Велика Британија, што го прави 19-ти најчест вид на канцер кај жените), е доволно битен за да се знаат знаците на него.

Зошто? Бидејќи многу од неговите симптоми се чувствуваат како сосема нормални, стомачни проблеми, или во некои случаи нема никакви симптоми.

Доколку имате некои (или комбинација) на овие рани знаци и симптоми на рак на желудник, најдобро е веднаш да отидете на преглед кај вашиот лекар или гастроентеролог за да бидете сигурни.

Имате крвава столица
Ова може да биде знак за карцином на желудник, но исто така поврзано е и со цел тон други состојби кои не се поврзани со карцином.

Ако не дај боже, е карцином на желудникот, крвавата столица веројатно е поврзана со воспалението предизвикано од карциномот и има тенденција да се појави во понапредни фази на болеста, иако може да се појави и порано.

Осеќате болки постојано
Кога пациентите се жалат на болки во стомакот, тие обично мислат на епигастрична болка, што се однесува на пределот веднаш под долниот дел на ребрата.

Болката на таа локација може да биде предизвикана од растот на карциномната маса некаде во вашиот стомак, иако може да значи и многу други работи, како тешко варење, дивертикулитис, па дури и камења во бубрезите. Постојаната болка секогаш гарантира посета на лекар, затоа закажете термин и не чекајте.

Немате апетит
Губењето на апетитот е дефинитивно нешто на што треба да се обрне внимание, особено ако отсекогаш сте си биле мераклии за храна и сега одеднаш сте го изгубиле целиот интерес за јадење.

Треба да знаете дека чиревите на желудникот може да предизвикаат губење на апетитот (не се секогаш болни, понекогаш не ги чувствувате воопшто), но чиревите се исто така индикатор за карцином на желудник, па паметно е да се проверите без оглед на отсутноста на болка.

Доживувате бранови на топлина и печење
Овој симптом е малку комплициран, со тоа што може и да биде знак на карцином (честопати е поврзан со болки во стомакот или епигастрична болка). Луѓето со ваков симптом може да имаат пептичен чир, што значи дека имаат повеќе киселина во желудникот, што ги става под поголем ризик за рак на желудникот.

Овој симптом може да се манифестира како привидно чувство на печење, гадење, па дури и болка во градите, така што не е секогаш лесно да се само-дијагностицира. Ако со недели земате антациди, проверете се за секој случај.

Слабеете без никакви напори
Губењето на тежината е знак на рак на желудникот делумно заради губење на апетитот што често се јавува, но исто така може самостојно да биде предупредувачки знак за заболување и обично е еден од првите знаци дека нешто не е во ред, особено кај болест како што е ракот на желудник што може и да нема други забележителни симптоми.

Значителното губење на тежината е напорна работа, па ако топите килограми дури и без никаков напор, не го игнорирајте овој знак.

Имате проблем да голтате
Ако имате тумор на желудникот кој се протега на хранопроводот, може да доживеете нешто што се нарекува дисфагија или потешкотии при голтање.

Можеби ова го забележувате како чувство дека храната се заглавува во грлото, или може да се претстави како кашлање или гушење при јадење или пиење.

Во некои случаи, исто така може да се чувствува како храната да се враќа веднаш по голтањето. Без оглед, самата функција на голтање е еден вид суштински дел од тоа што значи да се биде човек, па затоа е најдобро да го проверите тој проблем што е можно побрзо.

Се чувствувате прејадени од малку храна
Ова е всушност знак на рак на стомакот во подоцнежната фаза, но вреди да се напомене. Раната заситеност се случува кога вашите стомачни мускули веќе не можат правилно да ја туркаат храната низ цревата.

Стомакот се дистанцира и луѓето се чувствуваат полни, но во суштина такво е чувството бидејќи храната не оди никаде.

Ова чувство може да биде предизвикано од тумор, но може да биде предизвикано и од не-канцерозна состојба наречена гастропареза, што се случува кога некое лице има чувство дека нешто им го попречува стомакот, но рентген снимките не покажуваат ништо.

(642)

Вашиот коментар