9 непишани секс правила кои секој треба да ги знае

 
 

Дури и во таква опуштена ситуација како што е сексот, постојат одредени правила.

Oд тоа дека предиграта е задолжителна до забраната за наоѓање на замерки на телото на партнерот додека сте во интимна ситуација, кои се непишаните секс правила?

1. Сексот по прв пат со нов партнер речиси никогаш не е добар. Не само затоа што никогаш не сте се виделе претходно голи, туку најмногу затоа што не знаете како другиот се однесува во кревет.

2. Ништо без предигра. И не дозволувајте никој да ве убеди во спротивното. Покрај психолошкиот аспект, предиграта е неверојатно возбудлив процес.

3. Ако некогаш партнерот во кревет почне да ви наоѓа замерки на изгледот на телото, заминете си веднаш. Без да му дадете втора шанса.

4. Без бебешки зборови во спалната. Зошто возрасни личности би имале потреба да зборуваат така еден со друг?

5. Сексот е забавна работа, па чудните звуци, смешните фаци и некомфорните пози дозволете си да ве насмеат, а не да направат да се чувствувате непријатно.

9-nepishani-seks-pravila-koi-sekoj-treba-da-gi-znae-02.jpg

6. Ако не побарате од партнерот да направи нешто специјално за вас, тогаш најверојатно нема да добиете. Разберете никој не чита мисли, објаснете убаво со зборови.

7. Гушкањето е прекрасно, но понекогаш едноставно е претопло и партнерот може да сака да спие на другиот крај од креветот, не навредувајте се поради тоа.

8. По сексот, не заминувајте си додека спие, тоа е некултурно, најавете му дека си одите.

9. Одењето во тоалет по сексот ќе спречи инфекции, па практикувајте го тоа редовно.

(1656)

Вашиот коментар