Актерката Фелисити Хафман осудена на затворска казна за поткуп

 
 

Актерката Фелисити Хафман беше осудена во петокот на 14 дена затвор затоа што платила 15 000 американски долари за местење на приемните резултати на колеџот каде што аплицирала нејзината ќерка. Скандалот опфати и десетици богати и добро поврзани родители.

Хафман (56), која глумеше во ТВ хит серијата “Очајни Домаќинки“, стана првата осудена од 34-те родители кои се товоарат за ова дело. Исто така, доби и парична казна од 30.000 американски долари, 250 часови општокорисна работа и 1 година на условна казна.

Во изјавата, таа вели дека ја прифаќа нејзината казна „без резерви“ и дека „Нема оправдувања или изговори за моите постапки. Точка.”

Таа, исто така, се извини пред семејството и „образовната заедница“, и вели дека очекува да ја изврши својата општокорисна работа и побара прошка.

На суд, пред да ја изречат нејзината казна, Хафман со солзи ја опиша ситуацијата кога нејзината ќерка ја прашува зошто не и верува.

„Само можам да кажам дека ми е жал, Софија“, рече таа. „Бев исплашена. Бев глупава и многу погрешив. Длабоко се срамам од тоа што го направив. Нанесев поголема штета отколку што можев да замислам. Сега ги гледам сите работи што ме одведоа по овој пат, но на крај ниту една од причините не е важна затоа што на крајот на денот имав избор. Можев да кажам не“.

Педесет и едно лице се обвинети во до сега најголемиот случај за поткуп на прием во колеџ.

Адвокатот на Хафман, Мартин Марфи, тврди дека нејзините злосторства биле помалку сериозни од оние на другите обвинети, истакнувајќи дека таа платила мала сума и дека, за разлика од другите обвинети, таа не ја запишала својата ќерка на колеџот.

„Една од клучните работи што треба да ги направи судот е да изрече фер казна што ја третира г-ѓа Хафман како другите обвинети за слично дело, да не се однесува со неа построго заради нејзиното богатство и слава, или да се третира поповолно заради нејзиното богатство и слава“.

Скандалот опфати елитни универзитети низ целата земја, вклучувајќи ги Јеил, Стенфорд, Џорџтаун и Универзитетот во Калифорнија, УКЛА. Тоа ги открило должините до кои родителите се спремни да одат за да ги запишат своите деца во „јаките“ колеџи, со што само ги засилиле сомневањата дека процесот на прием на овие колеџи е наклонет кон богатите.

Сопругот на Хафман, актерот Вилијам Х Мејси, не беше обвинет.

Инаку, сумата што Хафман ја платила е релативно мала во споредба со другите пријави за мито наведени во скандалот. Некои родители се обвинети дека платиле и до 500.000 американски долари.

(169)

Вашиот коментар