Американка, инаку ИСИС невеста, може да биде осудена на 60 години затвор ако и ја исполнат желбата да ја вратат во САД

 
 

Хода Мутана, која моментално се наоѓа во камп за бегалци во Сирија, се соочува со потенцијално гонење на тероризам и 60-годишена затворска казна ако и ја исполнат желбата да се врати назад во САД, велат правните експерти

Правните експерти велат дека една Американка, инаку една од многуте ИСИС невести, која ја напуштила земјата за да се приклучи на терористичката мрежа, а сега моли да и биде дозволено да се врати, може да се соочи со децении затворска казна доколку и ја одобрат желбата.

Hoda Muthana (Hoover High School Yearbook 2012)

Во 2014 година, Хода Мутана (24) го напуштила градчето Хувер во Алабама за да се приклучи на Исламската држава и објавила неколку повици насочени кон американските муслимани да започнат терористички напади на Денот на сеќавањето во Америка (Memorial Day).

Сега Мутана, наводно во бегалскиот камп Ал-Хол во Сирија, признава дека тоа било “огромна грешка” што се решила да избега за да се приклучи на ИСИС и сака да се врати дома. Сепак, дури и ако таа некако успее да се врати во САД, таа може да биде осудена на 60 години затвор, велат правните експерти.

Мутана ги напуштила САД кога имала 19 години и се упатила кон Рака во Сирија, пред да се ожени со тројца милитанти на ИСИС, од кои двајца загинале во борбата против офанзивата на коалицијата предводена од САД. Откако била принудена да побегне од последното упориште на терористичката организација во југоисточна Сирија, таа сега живее во бегалскиот камп Ал-Хол со својот млад син Адам, од нејзиниот втор брак.

Додека живеела во Рака, невестата на џихадистите честопати ги користела социјалните медиуми да повикува на терористички напади во САД и да шири омраза против немуслиманите. “Имате многу работа додека живеете под нашиот најголем непријател, доволно спиете!” напишала таа во твитот од 2015 година.

“Решетајте ги од коли во поминување и истурете ја целата нивна крв или изнајмите голем камион и изгазете ги” – напишала таа во еден од твитовите.

Мутана неодамна изјави за “Гардијан” дека “длабоко жали” што ја напуштила Америка и тврди дека била заслепена од нејзината вера. “Мислев дека правилно ги правам работите заради Бога”, рекла таа, додавајќи дека “не ја разбрала” својата вера. “Бев навистина млада и неискусна, имав 19 години кога решив да заминам”, додава таа.

(74)

Вашиот коментар