Американка разводот го прославила со фотосесија, вино и бензин палејќи ја венчаницата

Кога ќе застанете пред олтар и ги изговарате заветите со личноста со која си ветувате вечен брак, разводот е последната работа за која размислувате. Американката Кејтлин Меки од Илиноис својот развод го прослави со фотографии на кои пиела вино и потоа ја запалила венчаницата.

Филмовите нè учат дека речиси секоја љубовна приказна има среќен крај макар што во реалниот живот среќниот крај изгледа поразлично. Кога Кејтлин се мажела, носела венчаница која наликувала на оние кои ја носат само принцезите, а насмевката на нејзиното лице покажуваше голема среќа и радост.

Само 4 години подоцна можеме да погледнеме како во истата венчаница се движи низ кал и носи шише вино и позира пред објективот. Фотографирањето пред развод го објави истиот фотограф кој присуствуваше на нејзината венчаница.

Кејтлин букетот го заменила со шише бензин и вино. Таа од својот сопруг одлучила да се разведе после десет години врска и четири години брак, иако имаат и ќерка. Интересно е дека нејзиниот сега поранешен сопруг, сакал да учествува во фотографирањето, но Кејтлин го одбила велејќи дека тоа е нешто што мора да го заврши сама.

 
 

“Тоа беше добра врска и добар однос. Заедно сме од мојата 16 година, но едноставно пораснавме и сфативме дека сме еден за друг. Истражував што можам да направам за да го прославам разводот, но мислам дека ова е најдобрата работа која можев да ја направам. Како да ја покажав својата бунтовност со овој потег”, рекла Кејтлин.

Таа ја соблекла венчаницата, отворила вино, се напила и потоа со бензин ја полеа венчаницата и ја запали.

(37)

  
 

Вашиот коментар