Балашевиќ обвинет за кражба на авторски права

 
 

Песна стара 25 години од познатиот кант-автор Ѓорѓе Балашевиќ е симната од Јутјуб, поради тоа што извесен Емил Скендеровиќ го обвинил за кражба. Скендеровиќ го пријавил официјалниот Јутјуб канал на Балашевиќ, велејќи дека тој ги поседува правата на песната „Човек са месецом у очима“ од 1993 година.

Лута на овој потег, на својот Фејсбук профил се огласи ќерката на Балашевиќ, Јелена Балашевиќ- Беба.

„Се сеќавам кога татко ми ја пишуваше оваа песна. Дури се сеќавам и каде. Но, никако не се сеќавам дека некој си Емил Скендеровиќ беше во близина. Речиси сум сигурна дека тој лик нема апсолутно никаква врска со оваа песна. Ниту со една друга, кога сме веќе кај тоа. Верувам дека Емил само би сакал ова да е негова песна која Ѓоле му ја украл, па затоа тоа го направил. Емил, каде и да си. Немој. Грдо е“, напиша Јелена Балашевиќ на својот Фејбсук профил.

Таа им напомена на фановите на Балашевиќ дека ако сакаат да ја слушнат оваа песна на Јутјуб, за жал не можат.

(79)

Вашиот коментар