Балканци и спомен обележја: Вработени во Софиската опера и балет го осквернавеле Споменикот на мирот во Хирошима

 
 

Двајца вработени во техничкиот персонал на Софиската опера и балет го осквернавеле Споменикот на мирот во Хирошима.

На споменикот посветен на жртвите од нападот со атомска бомба во Хирошима вчера било забележано дека се испишани три графити, од кои еден на бугарски јазик и гласи „Локо Софија“.

Графитите биле напишани со црн спреј, а вработените во Софиската опера и балет кои го извршиле вандализмот се суспендирани и отстранети од трупата.

Софиската опера и балет во моментов се наоѓа на турнеја во Јапонија, а поради инцидентот институцијата јавно се извини за случајот.

(44)

Вашиот коментар