Во комплексот на Бакингамската палата провалил бездомник, кој четири часа спиел во дворот на официјалната резиденција на британската кралица, по што бил уапсен и осуден на 28 дена затвор, објавија британските медиуми.
Стивен Лоулор (44) во заштитениот кралски комплекс влегол на 16 јули и ја скршил огласната табла прицврстена за метална решетка, која ја искористил како кревет, соопшти Вестминстерскиот суд.
Лоулор пред судот рекол дека жали за инцидентот со кој што предизвикал загриженост.
(16)