Белгиска манекенка ги покажала интимните делови во една од најпознатите џамии во светот (фото)

Белгиската манекенка која минатата година била притворена од полицијата во Египет бидејќи позирала гола пред древните храмови нешто слично направила и во Турција.

Овој пат во Аја Софија ја подигнала бурката и го покажала меѓуножјето, а фотографиите од полуголата жена предизвика згрозување во јавноста.

Дваесет и шестгодишната Мариса Папен, која себеси се опишува како слободен експресионист, со диво срце сега отпатувала во Турција заедно со австралискиот фотограф Џеси Волкер.

Таа решила да се разголи пред Аја Софија, па ја подигнала својата бурка и ги покажала своите интимни делови, што предизвикало огромен без кај верниците.

 
 

Како што подоцна објаснила оваа жена, која веќе била на удар на верските лидери, овој пат во Турција се нашла сосем случајно.

„За разлика од Египет, овој пат немавме никаков план. Дојдовме без припреми, само со бескрајна фантазија“ – изјавила Мариса.

Потоа ја собрале бурката и тргнале во обиколка на Аја Софија, највеличествената џамија во Турција.

  
 

„Откако некое време чекавме да влеземе, не изненадија големиот број на камери таму. Буквално секој квадратен сантиметар беше покриен. Доколку сте биле во Аја Софија, знаете дека таму не поминува ден без илјадници луѓе“ – изјавил Џеси.

Со оглед на тоа дека имало голема гужва и било тешко да се направи совршена фотографија, Мариса ноншалантно ја подигнала бурката и ги покажала интимните делови, не обраќајќи внимание на посетителите на овој верски објект.

„Се одлучивме да почекаме водичот да почне да зборува и да го насочи вниманието на групата кон него и тогаш беше време за акција“ – објаснува Џеси.

Интересно е дека Мариса и нејзиниот пријател фотограф утредента повторно ја посетиле џамијата бидејќи не биле задоволни од првото снимање.

loading...
View image on Twitter
Како што истакнале во разговорот за британскиот весник „Сан“, имале чувство дека постојано некој ги следи во текот на патувањето, но без проблем ја напуштиле земјата.

„Џеси и јас себе си се гледаме како модерните Бони и Клајд на Џејмс Бонд мисија и уживаме во секоја минута од опасноста“ – заклучила Мариса.

(1012)

Вашиот коментар