Бел тартуф двојно поскап од злато

 
 

Анонимен купувач од Хонг Конг платил неверојатни 85.000 долари за бел тартуф на саемот на овие ароматични печурки во Торино.

Белиот тартуф тежел 850 грама, што значи дека неговата цена била точно 100 долари, што е 2,5 пати повеќе од цената на грам злато.

Во Алба кај Торино веќе 88 години се одржува голем саем на белите тартуфи, на кој на аукција се продаваат најквалитетните примероци од оваа ретка печурка. Белиот тартуф традиционално се копа од 21 септември до 31 јануари и важи за најароматична од овие ретки печурки.

– Карактеристичниот силен мирис потсетува на романтични средби, на шума и на природа – изјави Антоно де Џакоми, претседател на италијанскиот Центар за истражување тартуфи.

Тој оцени дека оваа сезона била добра бидејќи во јули имало малку врнежи, што придонесло за квалитетот на овие печурки што растат под почвата, покрај корењата на одреден вид дрвја.

(47)

Вашиот коментар