Бер Грилс ги налути бугарските власти

 
 

Бер Грилс, познат авантурист и ТВ лице, кое се занимава со снимање емисии за преживување, се најде на удар на бугарските власти поради убиство на редок и заштитен вид жаби за време на престојот во Бугарија во 2017 година.

Британскиот авантурист Бер Грилс и американската ѕвезда Дерек Хог, како и продуцентската куќа која го помагала снимањето во бугарскиот национален парк Рила, можеле да бидат казнети поради убиство и готвење жаба за потребите на преживувањето во емисијата „Ранинг вајлд“.

Како што се наведува, Минситерството за жвитона средина и водостопанство на Бугарија издало соопштение во кое стои дека продукциската екипа направила низа прекршоци за време на снимањето во тоа подрачје, вклучително и пливање во заштитено езеро, лов, како и убиство на животни, додавајќи дека казните ќе бидат изречени по истрагата, иако се уште е нејасно кој е виновен за кршење на овие прописи.

Бугарската продукциска компанија која учествувала во снимањето може да добие казна од 450 до 4450 фунти, додека Грлис и неговата екипа би можеле да платат од 225 до 2225 фунти.

Грлис, инаку поранешен припадник на специјалната единица САС која дејствува при британската војска, веќе се наоѓа на мета на службата за заштита на животни. Меѓу најпознатите обвиненија кои се изнесени на неговата сметка сигурно е убиство на крокодил, но и голем број свињи.

Неговата емисија често трпи критика од активисти и здруженија, а меѓу најчестите критики е она дека Грилс убива животни поради емисија, правејќи од тоа шоу за публиката крај малите екрани.

Од продукцијата која се наоѓа во сопственост на Грилс се уште официјално не се произнеле по овие обвиненија.

(196)

Вашиот коментар