Бизнисменот што потроши 600.000 евра за нацистички предмети откри зошто ја купил шапката на Хитлер

 
 

Бизнисменот Абдалах Шатила, либански христијанин кој со децении живее во Швајцарија, рече дека шапката на Адолф Хитлер и другите нацистички предмети ги купил за да не дојдат во рацете на неонацистите и за да ги подари на еврејската организација.

Тој за АП изјави дека на аукцијата што се одржала во Минхен платил 600.000 евра за нацистичките предмети со намера да ги уништи откако еврејската група се изјаснила против продажбата.

„Јас немам директен интерес, само мислев дека тоа е вистинската работа да се направи“, рече Шатила.

Наместо тоа, непосредно пред аукцијата, тој разговараше со групата Керен Хајесод и одлучи да ги донира на еврејската организација.

Европската еврејска организација го поздрави неговиот врховен чин на добрина, дарежливост и солидарност.

(18)

Вашиот коментар