„Бродови духови“ со години пристигнуваат во Јапонија

 
 

Дрвени бродови, познати како „бродови духови“, за кои се верува дека доаѓаат од Северна Кореја, и годинава пристигнаа на брегот на Јапонија. Крајбрежната стража соопшти дека и годинава пристигнале 95 стари бродови во кои често наоѓаат човечки коски, токму затоа ги нарекуваат „бродови духови“, пренесува AP.

Минатата година на јапонскиот брег допловиле 104 бродови во кои биле пронајдени вкупно 30 тела, како и 40 преживеани.

Ветровите и силните струи, како и слабата опрема ги носат севернокорејските рибарски бродови кон брегот на Јапонија. За да имаат добар улов севернокорејските рибари одат далеку од подрачјата во кои вообичаено ловат и ризикуваат да ја повредат јапонската ексклузивна економска зона.

Повеќе од третина од тие бродови годинава пристигнаа до островот Хокаидо, веројатно за да ги заобиколат јапонските патроли.

(40)

Вашиот коментар