Веганка ги пријавила пријателите во полиција затоа што ја хранеле со месо додека била пијана

 
 

Од атарот на мудроста „рани куче, да те лае“, ви носиме една интересна сторија за една веганка која неодамна се нашла во незгодна ситуација кога по сплет на околности изела месо, но не ни знаела.

Имено, 24- годишната девојка која е веганка последните десет години, а месо не јаде од својата трета година кога открила од каде доаѓа месото, се нашла во необична ситуација.

Како што пишува на „Редит“, нејзините пријатели ја хранеле со пилешко и тоа додека била пијана, несвесна за ситуацијата во која се наоѓа.

Како што вели таа нејзиното веганство не било тајна па мислела дека пријателите ќе го почитуваат нејзиниот избор. Но пред неколку дена нејзнините пријатели помислиле дека би било смешно да и подметнат месо.

„Се открив утредента кога сестра ми ми прати порака да погледнам едно стори на „Снепчет“. Во него покажуваат пакување пилешки медаљони а потоа, како ми ги даваат да ги јадам“, напишала таа.

На видео снимките се слушало како веганката ги прашува своите пријатели дали храната што и ја даваат е веганска  а тие само и потврдиле.

Веганката одлучила видео снимката да ја однесе како доказ во полиција и да ги пријави своите пријатели.

Како што вели, повеќето сметаат дека нејзината реакција е претерана и дека се работи само за шала, па таа одлучила да провери што другите луѓе мислат за оваа ситуација.

Повеќето се согласуваат дека нејзината реакција е оправдана, а сите се сложни за тоа дека луѓето кои и дале да јаде месо не и се вистински пријатели.

„Импресиониран сум и некако мислам дека е одлично што си отишла во полиција и што тие се сфатиле озбилно“, напишал еден корисник на „Редит“ во коментар.

Друг додал дека не се работи само за храната, туку и за снимката и за јавното исмевање.

Но има и такви корисници во коментарите кои не ја одобруваат нејзината постапка и сметаат дека отишла предалеку бидејќи како што пишува една од корисничките, „се работи за нејзини ставови а не за одредена алергија која може здравствено да ја загрози“.

(90)

Вашиот коментар