(Видео) Драматично фаќање на индискиот пилот: селаните го удираат, а тој пука во самоодбрана

 
 

Се појавија драматични нови детали за фаќањето на индискиот воен пилот Абхинандан Вартаман од страна на пакистанските сили. Мештаните на пакистанското село Хоран, кои први го пронашле, фрлале камења на него по што тој испукал неколку куршуми како предупредување, рекле очевидци за Би-би-си.

Индискиот авион „миг-21 бисон“ беше соборен во воздушен судир меѓу индиски и пакистански авиони што дошло кога пакистанските авиони извеле воздушен удар на индискиот дел на Кашмир. Тоа било одговор на индискиот воздушен удар на пакистанскиот дел на Кашмир, наводно на терористички камп, што повторно било одмазда за нападот на пакистанскиот бомбаш самоубиец во кој биле убиени 40 индиски полицајци.

На снимката што се појавила на социјалните мрежи се гледа како толпа народ го опкружува пилотот и го удираат додека тој со пушка во раката не успева или не сака да се заштити.

Уривањето на индискиот воен авион од страна на Пакистан, Индија го доживува како голем пораз, пренесе Би-би-си.

(342)

Вашиот коментар