,,Вистинските мажи секогаш ги претепуваат жените” – потресна исповед на две затворени сестри

 
 

Две сестри , државјанки на Саудсика Арабија , кои во моментов се во притвир во Хонг Конг пред да бидат вратени дома , раскажуваат зошто избегале.

Тие биле секојдневно претепувани од својот татко, како и од другите машки членови на семејството. Но , сега треба да бидат вратени назад, а тие се плашат дека во Саудиска Арабија ќе добијат смртна казна.

Сестрите Рим и Раван на возраст од 18 и 20 години, кои ги смениле вистинските имиња за да избегаат, во Хонг Конг ги пресретнале саудиските конзуларни претставници и им ги одзеле пасошите.

За сега судбината им е неизвесна. Тие раскажуваат дека ги тепале сите, почнувајќи од татко им , па се до десетгодишното братче. Татко им ги претепувал и доколку малку задоцнат на утринска молитва или за уште помала ситница.

Ги охрабрувал браќата да ги тепаат со зборовите ,,Не си машко ако не претепаш жена.” Девојките го планирале бегството две години, а се решиле да избегаат кога биле на семеен одмор во Шри Ланка.

Ги грабнале своите пасоши од торбата на родителите и избегале во Хонг Конг. Но таму ги пресретнале саудиските конзуларни власти, по што биле приведени.

(256)

Вашиот коментар