Вознмирувачко:Ја убил сопругата и сликата од нејзиното мртво тело ја објавил на Фејсбук

 
 

Суд во американскиот град Мајами го прогласи Американецот Дерек Медина за виновен поради убиство на неговата сопруга.

За да биде случајот по бизарен, откако ја убил сопруга, Медина го сликал од нејзиното мртво тело и сликата ја објавил на Фејсбук.

Во текот на судскиот процес, Медина призна дека со својот мобилен телефон ја сликал убиената сопруга и потоа сликата ја објавил на социјалната мрежа, но не успеа да ја увери поротата дека осум пати пукал во неа во самоодбрана.

Според Медина, тој со години бил „жртва на насилство“ од неговата 27-годишна сопруга Џенифер Алонсо, а дека пукал во неа откако таа при една расправија се „нафрлила врз него, со нож во раката“.

Полицијата и обвинителството тврдеа дека телото на мртвата жена било најдено на подот во склупчена состојба, што наведува дека таа во тој момент не можела да го напаѓа сопругот.

Убиството се случило во нивната заедничка куќа во Мајами во август 2013 година.

Во текот на судењето, јавниот обвинител објаснил дека Алонсо била изложена на постојани закани од сопругот дека ќе ја убие, доколку го напушти, за што таа повеќепати им се пожалила своите пријатели.

Заедно со сликата на мртвата сопруга, Медина на Фејсбук напишал дека очекува да биде осуден за тоа што го направил, со затворска или дури и со смртна казна.

Дерек Медина (33) сега се соочува со казна затвор до 25 години, за убиство од втор степен.

(494)

Вашиот коментар