Во САД паднаа првите жртви на електронските цигари

 
 

Мистериозната болест предизвикана од електронските цигари, однесе уште два животи, со што вкупниот број на смртни случаи само во САД достигна бројка од 11 починати.

За повеќе од 500 луѓе се знае дека се разболеле од оваа мистериозна болест на белите дробови откако пушеле е-цигари во САД, но официјалните лица изјавија дека стотици дополнителни случаи биле пријавени само во изминатва недела.

Првите смртни случаи се случија на Флорида и Џорџија, кои беа објавени во вторникот и средата. Во моментов 38 држави имаат регистрирано случаи на заболувањето, со фатални исходи во осум од нив.

Додека повеќето пациенти пријавиле историја на употреба на производи кои содржат ТХЦ, психоактивно соединение во канабисот, пациентот кој починал во Џорџија во средата објаснил дека пушел само никотин.

Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) имаат повеќе од 100 службени лица кои ја испитуваат причината за заболувањето и ги предупреди граѓаните да не пушат производи за е-цигари сè додека не се знае повеќе, особено ако се модифицирани или купени „на црно“.

a close up of a man

Стотици нови случаи се пријавени во ЦДЦ само во изминатата недела, изјави заменик директорот на агенцијата, д-р Ен Шучат, пред членовите на американскиот конгрес во Комитетот за надзор во вторникот.

Оние со оваа болест се соочуваат со респираторни проблеми, вклучувајќи кашлање, останување без здив и болка во градите. Некои пријавиле и повраќање, замор и треска.

Две третини од болните се на возраст од 18 до 34 години, додека 16% се под 18 години, соопшти ЦДЦ. Службениците досега не беа во можност да издвојат ниту еден модел, кертриџ или супстанција поврзана со сите случаи.

Здравствените тела во Велика Британија, каде што моментално околу 3,6 милиони луѓе користат е-цигари, се обидоа да ги смират корисниците на е-цигари кои се загрижени по појавата на смртните случаи во САД.

„За разлика од САД, сите производи за е-цигари во Велика Британија се строго регулирани за квалитет и безбедност од страна на Регулаторната агенција за лекови и производи за здравствена заштита“.

Во меѓувреме во неколку земји, вклучително и Индија и Јужна Кореја, има обид да ги забранат производите за испарување популарно познати како е-цигари.

(75)

Вашиот коментар