Германски град заплени куче поради долг и го продаде на „Ибеј“

 
 

Германскиот град Ахлен, кој запленил семејно куче и го продал за да намири долгови, предизвика критики во јавноста. Кучето Еда било понудено на „Ибеј“ за 750 евра.

Претставникот на градот, Дирк Шлебес, рекол дека законите овозможуваат запленување вреден имот, како што е расно куче.

„Добивме малку пониска цена од таа што ја побаравме и парите се уплатени во градската благајна“, рекол Шлебес за ДПА.

И купувачот и семејството, кое остана без своето куче, еднакво се незадоволни. Жената што го купила кучето се чувствува измамена бидејќи кучето е болно и лекувањето е скапо. Новата сопственичка на Еда му се закани на градот со тужба и бара поврат на парите за намирување на ветринарските трошоци за очната болест на кучето.

Поранешните сопственици на Еда, пак, се несреќни зошто им недостига.

(35)

Вашиот коментар