Грбав кит најден во Амазонската прашума, научниците збунети

 
 

Бразилски експерти за диви животни останале збунети откако среде Амазонската прашума нашле мртов грбав кит

Цицачот од 100 тони е најден во шума на големиот речен остров Марахо, кој се наоѓа на устието на реката Амазон.

Научниците засега само претпоставуваат дека големото животно било исфрлено на копното за време на голема бура, но не им е јасно како завршило толку длабоко во шумата и зошто воопшто пливало толку блиску до брегот.

Службеници на бразилскиот Оддел за здравство и животна средина изјавија дека китот долг 11 метри го нашле откако претходно следеле птици грабливки кои потоа заминале да се хранат со џиновскиот труп.

Телото на китот се наоѓа во толку одалечен мочуришен дел од шумата во Амазонската делта што научниците требало на двапати да патуваат за да стигнат до областа.

Грбавите китови обично, меѓу август и ноември, престојуваат во јужниот дел на бразилскиот брег и многу ретко патуваат илјадници километри северно од устието на Амазон.

Биологот Рената Емин, од институтот Бичо дагуа, е дел од тимот кој го проучува телото на китот за да се откријат причините поради кои стигнал толку длабоко во шумата. Се смета дека китот веројатно се одвоил од својата мајка додека патувале кон потоплите краишта.

„Сѐ уште не сме сигурни како завршил среде шумата, но претпоставуваме дека пливал блиску до брегот и дека плимата, која во последните денови беше значителна, го исфрлила во внатрешноста, во Амазонската прашума“, изјави таа.

(319)

Вашиот коментар