Грета одби награда од 40 илјади долари и им испрати моќна порака на политичарите!

 
 

16-годишната климатска активистка која беше меѓу кандидатите за Нобеловата награда за мир, одби една награда и во ноември 2018-та година.

Активистката Грета Тунберг, тинејџерка која инспирираше милиони луѓе ширум светот да излезат на протести и да побараат од политичарите да реагираат и да се вклучат во борбата против климатските промени, одби да прими награда за придонес за заштита на животната средина.

Тунберг ја одби наградата од 40 илјади долари наведувајќи дека „на климатското движење не му се потребни награди“, пренесува новинската агенција „АП“.

Во соопштението кое на свеченоста во Стокхолм во нејзино име го прочитаа две активистки, Тунберг наведе дека наградата на Нордискиот совет е чест, но дека повеќе е потребно „политичарите да слушаат што стои во истражувањата“.

16-годишната Тунберг која беше кандидат за Нобеловата награда за мир, исто така одби награда и во текот на минатата година, затоа што многу од финалистите морале на церемонијата во Стокхолм да дојдат со авион.

(112)

Вашиот коментар