Грејс Џоунс на 71 година покажа како се дефилира на модна писта

 
 

Пејачката, актерка и модел Грејс Џоунс брилираше на модната ревија на Tommy Hilfiger на Модната недела во Париз.

Иако има 71 година, тоа не ја спречи да ги засени многу помладите модели од неа и да биде главниот адут за привлекување внимание кон новата колекција на модната куќа што ја дизајнираше актерката Зендаја.

Грејс Џоунс се појави на модната писта во металик јакна и боди во златна нијанса. Со одлучен од, разиграна и самоуверена, Џоунс ја хипнотизираше публиката, додека во позадина одеше нејзината песна „Pull up to the bumper“.

Денешните поп-диви Ријана и Лејди Гага имаат изјавено дека Џоунс им е голема инспирација.

Погледнете го настапот на легендарната Грејс Џоунс:

(111)

Вашиот коментар