Данска ќе гради остров кај Копенхаген поради сè поголемото население

 
 

За да создаде повеќе простор за сè повеќебројното население, Данска планира да изгради нов остров во близина на пристаништето во Копенхаген, на кој ќе можат да живеат околу 50.000 луѓе, соопшти данскиот премиер Ларс Локе Расмусен.

Островот може да биде изграден до 2070 година и може да има 35.000 жители, а освен тоа, како што рече Расмусен, и ќе го заштити градот од зголеменото ниво на морето.

Новата населба ќе биде наречена Линетхолмен и „ќе биде нешто сосема ново и нешто многу познато во исто време. Тоа ќе биде вистинска копенхагеншка населба со плажа, зелени површини и голем дел стандардни станови за луѓе со нормални приходи“, рече градоначалникот на главниот град, Френк Јенсен, пренесе Копенхаген пост.

„Копенхаген сè повеќе се развива и се гради како никогаш досега. Ова е добро, но тоа значи дека наскоро градот ќе остане без простор, па затоа сакаме да изградиме нов остров“, рече данскиот премиер.

Според него, во проектот ќе бидат вложени околу 3,1 милијарда долари, вклучувајќи ја и изградбата на тунел и метро, а ќе го изведат неколку компании во сопственост на Копенхаген и на Данска.

Првите домови би биле изградени до 2035, додека целиот Линетхолмен ќе биде комплетно готов до 2070.

(55)

Вашиот коментар