Дожд од живи риби, уништени патишта: Како изгледа Малта по силната бура?

 
 

Силна бура на Малта предизвика силни ветрови и огромни бранови заради што почнале да летаат риби низ брегот на островот.

Катастрофалната бура која ја погоди Малта предизвика огромни штети на патиштата покрај брегот на Медитеранскиот остров, а постои и предупредување за висока закана по живот и имот.

Со силните ветрови со 100 km/h, брановите биле толку високи што ги поплавиле плажите и улиците, а локалците на копно нашле нешто неочекувано – живи риби исфрлени од морето со брановите.

Од метеоролошкиот завод велат дека ваква бура, Малта нема доживеано од 1982 година, а последиците од невремето се уништени имоти, патишта, расфрлани отпадоци и лични предмети насекаде, бројни сообраќајни несреќи, крави кои шетаат по улица и риби насекаде.

(287)

Вашиот коментар