Жан Клод Ван Дам го прослави роденденот во дворецот на Драгана Митровиќ

 
 

Филмската ѕвезда Жан Клод Ван Дам својот 59. роденден го прослави во Виена, на гости кај српската фолк пејачка Драгана Мирковиќ, пишуваат српските медиуми.

Драгана и нејзиниот сопруг, бизнисменот Тони Бјелиќ, се добри пријатели со Ван Дам, па тие се воодушевиле кога актероти зразил желба да го прослави својот роденден во нивниот дом, поточно во нивниот дворец.

За пријателството меѓуфилмската ѕвезда Жан Клод Ван Дам и семејството на пејачката Драгана Мирковиќ одамна се зборува, а овој викенд и беше јавно потврдено со неколку објави на социјалните мрежи.

Пејачката изјавила дека иако претходно била настината, направила се за да може да го прослави роденденот на својот пријател во нејзиниот дом.

– Бевме воодушевени кога Џеј Си, како што тој сака да го нарекуваат пријателите, изрази желба да дојде и да го прослави роденденот со нас. Иако претходните денови го поминав дома поради настинка, одлучив дека ништо нема да ме спречи да му приредиме убава прослава. Според желбата на славеникот, немаше големо друштво, туку само неговото и моето семејство и навистина тоа беше ден за паметење – изјавила Драгана Мирковиќ.

(196)

Вашиот коментар